Брендирање на возила.
Брзиот индустриски и економски развој, како и зголемената конкурентност го постави маркетингот како водечка гранка во рекламирањето на одредени производи или компании. Брендирањето на различни видови возила (патнички, товарни, комбиња, камиони, камиони влекачи и шлепери) со високо квалитетни видови на ПВЦ фолија, катер фолија, каст автомобилска како и декоративно заштитната карбон фолија, е само еден начин со кој ние како компанија придонесуваме во успешното претставување на компаниите на македонскиот пазар и надвор од него.
Брендирање на излози.
Брендирањето на излози на маркети и наменски продавници за различни видови на производи ја зголемува перцепцијата и запознавањето на клиентите со новите производи кој компанијата сака да го истакне. Со квалитетен печат на ПВЦ фолија, one vision перфорираната фолија како и со големата палета бои на катер фолијата, придонесуваме брендираниот излог да ја постигне својата цел, односно производот или компанијата да биде забележана од клиентите.
Изработка на тотеми, тенди, рекламни паноа, банери, постери и пултови
Секој вид на рекламирање кој ја исполнува својата цел е успешно рекламирање. Преку идеите на нашите дизајнери и квалитетната изработка на ралични типови на пултови за презентација, тотеми, тенди, рекламни паноа, дополнето со квалитетен избор на материјали како што се плексиглас, форекс, лексан, иверица, алуминиум и метални профили, во целост ги исполнуваме барањата на нашите клиенти за дополнителни начини на презентација .
Истовремено изработуваме и целосни гравури и фигури од гореспоменатите материјали на најсовремена CNC машина, со цел приближување кон потребите на клиентите.
Постери со фотографски квалитет може да се отпечатат на различни начини, вклучувајќи мат или сјај хартија, чист филм, канвас платно, ПВЦ Банер материјал за во затворено или на отворено отпорен на ветер и банер мрежа, Банери на извлекување, ѕидна мат ПВЦ фолија за внатрешен декор на канцеларии и домови.
За изработка на тенди и банери се користат различни видови на винилно платно во зависност од намената и медиумот.
Изработка на внатрешни и надворешни светлосни реклами
Надворешното и внатрешното претставување на деловните простории е лицето на секоја компанија. Нашиот стручен тим успешно ги претвора во стварност сите Ваши желби. При изработка на надворешните светлосни реклами користиме комбинација на алуминиумски рамки и плексиглас. Осветлувањето може да биде со неонско светло или со лед светло. Во секоја светлосна реклама се поставува сензор за автоматско улучување при промена на видливоста. Внатрешните светлосни реклами или светлосни паноа се изработуваат од транспарентен или плексиглас во боја, исклучиво со лед осветлување. Достапна е можноста за катерирање на плексигласот во било кој облик и форма.
HD Print – Macedonia © 2013 | Powered by IGAL Group