За Нас

ХД ПРИНТ е основана во 2008 година и е специјализирана за графички и печатарски активности. Нудиме широк спектар на услуги вклучувајќи и подготовка на креативни идејни решенија. Нашата  oрганизациска структура ни овозможува изведување на целиот процес, почнувајќи од создавање идеја па сé до нејзино реализирање во конечен производ.

.

Главна дејност на ХД ПРИНТ е печатење на широки формати и графичка обработка  со способност за печатење на површина од 600 метри квадратни дневно. Нашиот тим  е обучен за печатење, сечење и лепење на секаков тип на ПВЦ фолии како и на останати материјали кои се користат во стопанството.

Печатењето се изведува со висококвалитетни латекс и солвент бои во зависност од материјалот кој се користи при печатењето. Секојдневните промени во графичката индустрија, наложуваат да го следиме технолошкиот развој, па во таа насока се залагаме да ги имаме секогаш најновите печатарски машини кои се појавуваат на светскиот пазар.

Грижата за животната околина отсекогаш била една од нашите основни цели. ХД Принт се залага континуирано да влијае на подобрувањето на животната средина во сите фази на планирање на бизнисот, развој и производство. Тоа го постигнуваме со користење на бои на водена база; рециклирање на сите одпадоци од хартија, тонери и мастило и употреба на неиспарливи органски соединенија.

Технолошката моќност на компанијата се усовршуваше во текот на годините, што придонесе да оствариме повисок квалитет на нашите производи и долгогодишна соработка со нашите клиенти. Но не запираме, продолжуваме во таа насока…

Услугите како што се брендирање на возила, автомобили, автобуси и камиони, брендирање на излози, изработка на тотеми, светлосните реклами, алуминиумските дисплеи, промотивни штандови,  гравури, рељефи и фигури изработени на најнова CNC машина од различни видови на материјали, како и брендирањето на објекти се само дел од производите што ХД ПРИНТ ги нуди на своите ценети клиенти.

Докажаниот квалитет, бројните успешно завршени проекти ќе Ве уверат дека нашиот труд да ви понудиме најдобар квалитет во печатењето и во графичкиот дизајн е котинуиран и постојан. Со нас можете  да ги остварите вашите замисли.

HD Print – Macedonia © 2013 | Powered by IGAL Group